Prijavi problem

Зафаќање на атмосферските води од н.м. Мралино и другите приоритетни области во Општината

Published on: 03.04.2018 - 11:11

 

Во рамките на реализацијата на проектот Изградба и подобрување на системот за зафаќање и одведување на атмосферски води во општина Илинден, во текот на минатата недела комплетно е исчистена каналската мрежа во населено место Мралино во должина од 2500 метри, при што се изградени нови канали во должина од 800 метри.

Паралелно со ова, покрај нивелирањето на теренот и чистењето на отворените одводни канали, се поставуваа и цевасти пропусти во должина од 30 метри.

Со чистењето на постоечката каналска мрежа и изградбата на новите отворени одводни канали во н.м. Мралино извршено е одводнување на површина од 670 000 м2, на која живеат 216 домаќинства со 820 жители.

Со ова е даден голем придонес во решавањето на проблемот што го имаат жителите на ова населено место со високото ниво на подземните води и можноста од поплавување на куќите и имотите на граѓаните.

Како дел од проектот Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали од почетокот на годината досега исчистени се 11.300 метри од каналската мрежа во приоритетните области на општина Илинден, при што се поставени вкупно 180 метри цевкасти пропусти.

Поради рамничарскиот терен на кој што се наоѓа oпштината, подложен на покачување на нивото на подземните води, интензивно и континуирано се работи на одржување на главните, секундарните и терцијалните одводни канали со кои се овозможува зафаќање и непречен проток на атмосферските води и високите подземни води.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013