Prijavi problem

Ларвицидна дезинсекција за уништување на комарци

Published on: 29.03.2018 - 13:07

Како дел од  Програмата за заштита на населението од заразни болести за 2018 година, општина Илинден почна со ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување на ларви од комарци, на површина од 50 хектари.

Согласно Елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливи заболувања со третирањето се опфатени сите водни површини на отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални) во сите населени места, речното корито на Сува Река и вештачката акумулација во Бучинци.

Дезинсекцијата се врши со еколошко средство кое е безопасно по здравјето на луѓето, одобрено и пуштено во промет од Бирото за лекови.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013