Prijavi problem

Поставени контејнери за селектиран отпад

Published on: 27.03.2018 - 12:00

Во рамки на проектот на Општина Илинден за интегрирано управување со комуналниот цврст отпад, како и обезбедување на поздрава животна средина, се изврши набавка и поставување посебни контејнери за хартија, пластика и стакло, каде што граѓаните ќе можат да фрлаат селектиран отпад.

Контејнери за селектиран отпад поставени се: во близина на Домот на култура „Илинден“ во нас. Илинден, на ул. „534“ во н.м Марино, како и на влезот во н.м Кадино.

Оваа акција ќе продолжи и во другите населени места со поставување на дополнителни контејнери за селектирање на отпадот, се со цел да се намалат количините на смет, зголемување на здравото еколошко опкружување како и заштита на животната средина.

 Во таа насока Општина Илинден апелира до граѓаните да го селектираат отпадот и да го одложуваат во соодветните контејнери за таа намена, со што заеднички ќе се допринесе за поквалитетен живот за сите чинители во локалната заедница.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013