Prijavi problem

На повеќе локации во Општината се реализра Проектот „Со зеленило против загадувањето“

Published on: 21.03.2018 - 15:01

Со засадување на повеќе садници и уредување на просторот кај Спортско образовниот центар и пешачко велосипедската патека Марино-Кадино, општина Илинден продолжи со реализација на проектот „Со зеленило против загадувањето“.

Во реализацијата на овој проект се вклучија повеќе граѓани, ученици, младинци, пензионери, претставници на бизнис секторот, општинските комунални претпријатија и општинската администрација, кои на овој начин, со засадување на повеќе садници го одбележаа и Денот на пролетта 21-ви Март.

Како дел од континуираните активности за заштита на животната средина на општина Илинден, со активностите од проектот за озеленување што се реализира во месеците март и април опфатени се 25 локации на површина од 80 000 м2..

Целта на овој еколошки проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница.

Сите заедно да се вклучиме во реализацијата на Проект „Со зеленило против загадувањето“ и да дадеме свој придонес за здрава животна средина.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013