Prijavi problem

Одбележување на Свети Труфун во н.м. Ајватовци

Published on: 09.02.2018 - 16:06

На 14.02.2018 година (среда) со почеток во 08:30 часот, во организација на црковниот одбор на црквата „Свети Трифун“, по повод верскиот празник Свети Трифун, во н.м.Ајватовци ќе се одржи традиционално закројување на лозјата.

Симболичното закројување на лозовите насади ќе почне со Божествена литургија во црквата „Свети Трифун“, што ќе ја одржат свештеници од Македонската православна црква.

Во рамките на одбележувањето на празникот на лозарите во општина Илинден, годинава по петти пат ќе се изврши избор на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин, а изборот, како и во изминатите години ќе го извршат членовите на „Винско витештво“ од Македонија-здружение кое што се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура.


Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013