Prijavi problem

Уредување на цената на комунални услуги за водоснабдување

Published on: 06.02.2018 - 15:50

Советот на општина Илинден на својата 5-та редовна седница донесе одлука со која домаќинствата за потрошен кубик вода за пиење или, водоснабдување од 1 март годинава ќе плаќаат по 24,14 денари без ДДВ, наспроти досегашните 23,75 ден/м³ потрошена вода без ДДВ, додека за правните субјекти тарифата ќе остане непроменета.

Оваа мала корекција во цената на водата е извршена согласно одредбите од Законот за утврдување на цени на водни услуги и Решението за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или, водоснабдување на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.

Истовремено, Советот донесе одлука цената на водата за пиење за физички лица за населените места Миладиновци и Бујковци да изнесува 50 % намалена од утврдената тарифа по метар кубен за другите населени места.

Исто така, врз основа на Решение од Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија се менува и тарифата на услугата за собирање и одведување на отпадни води, која ќе биде намалена и наместо досегашните 9,52 ден/м³ отпадна вода без ДДВ  за домаќинствата, корисниците на оваа услуга ќе плаќаат 7,86 ден/м³ отпадна вода без ДДВ, а правните субјекти наместо досегашните 20,00 денари без ДДВ сега ќе плаѓаат 16,08 ден/м³ отпадна вода без ДДВ.

Согласно Законот за утврдување на тарифи на водните услуги, а по Решение на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, Советот на општина Илниден донесе Одлука за утврдување на тарифа за прочистување на отпадни води која за домаќинствата - корисници на оваа услуга ќе изнесува 6,79 ден/м³ прочистена отпадна вода без ДДВ, а за правните лица- 13,89 ден/м³ прочистена отпадна вода без ДДВ.      

 

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013