Prijavi problem

Општина Илинден ја презема обврската за плаќање на воден надомест за одводнување од индивидуалните водокорисници

Published on: 02.02.2018 - 15:24

 

Општина Илинден ја презема обврската за плаќање на воден надомест  за одводнување од индивидуалните водокорисници-граѓани (физички лица сопственици/корисници на индивидуални станбени објекти) на подрачјето на Општина Илинден. Вкупниот воден надомест за одводнување кој општина Илинден треба да го исплати на АД Водостопанство на РМ-Скопје, Подружница „Скопско Поле“ – Скопје изнесува 4.205.520,00  денари. Ваква Одлука донесе Советот на општина Илинден на  својата петта редовна седница на која беа донесени повеќе одлуки.

Советниците донесоа Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување  на ЈКП „Водовод“ за регулиран период 2018-2020 година, потоа Одлука за давање согласност  на одлуката за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈКП  „Водовод“ за регулиран период  2018- 2020 година, како и Одлука за давање согласност  на одлуката за утврдување на тарифа за прочистување на отпадни води на ЈКП Водовод за регулиран период 2018- 2020 година.

Советот на општина Илинден донесе Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување  на ЈКП „Водовод“ за регулиран период 2018-2020 година за населените места Миладиновци и Бујковци. 

На истата седница, советниците донесоа и Одлука за реализација на Урбанистичко планска документација на Општина Илинден, архитектонско урбанистички проект за формирање на  ГП 1.04 на дел од КП 1214/1 блок 23 КО Илинден со намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија, Г3-сервиси и Г4- стоваришта.

На Петтата редовна седница Советот на општина Илинден донесе повеќе решенија за именување на членови на управните одбори на ЈКП „Илинден“ и ЈКП „Водовод“. Исто така, беа донесени и решенија за именување на членови на надзорните одбори за контрола на материјално–финансиското работење на овие две јавни претпријатија.

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013