Prijavi problem

Плакета за општина Илинден од Меѓународната поетска манифестација во Решетари, Хрватска

Published on: 30.01.2018 - 11:53

Книжевното ликовно друштво „Решетари“, од општина Решетари, Република Хрватска  и додели посебна плакета на општина Илинден за придонес во реализацијата на Меѓународната поетска манифестација во Решетари.

Плакетата на градоначалниот на општина Илинден, Жика Стојановски, му ја врачија почесниот председател на Заедницата на Хрватите во Република Македонија, Иван Шишак и поетесата Љерка Тот Наумова, кои ја искористија можноста да ги пренесат топлите поздрави и честитки од пријателите од општина Решетари, со желби за продолжување на успешната соработка и во иднина.

Меѓународната поетска манифестација во Решетари што се реализира под покровителство на претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, годинава се одржа по 20. Јубилеен пат, а на неа учествуваа и поети од Македонија.

По потпишувањето  на Спогодбата  за меѓусебна соработка и пријателство во 2012 година, општина Илинден и општина Решетери остварија успешна соработка во повеќе области. Плод на таа соработка е и учеството на македонски поети на  Меѓународната поетска манифестација во Решетари, како и учество на поети од Хрватска на Литературната манифестација „Илинден“.

Со Спогодбата меѓу двете општини е предвидено преку заеднички проекти во областа на културата, туризмот, стопанството, знаменитостите, образованието и спортот да се унапредува стопанството и социјалниот развој во двете општини. Трајната соработка се остварува преку среднорочни и долгорочни програми, односно преку конкретни заеднички проекти.

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013