Prijavi problem

Нова опрема за поквалитетни комунални услуги за граѓаните

Published on: 03.01.2018 - 14:08

 

Со цел обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални  услуги за потребите на граѓаните и на стопанството, јавните комунални претпријатија на Општина Илинден се опремија со нова градежна машина-универзален робокопач, како и машина за чистење на снег од тротоарите.

Директорите на јавните претпријатија, во присуство на градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, ја презентираа новата опрема чија што вредност изнесува 4,7 милиони денари, како и подготвеноста на комуналците на почетокот од зимската сезона.

Со набавката на новата опрема, како што беше кажано на презентацијата, покрај другото, ќе се овозможи подобрување на условите и ефикасноста во работењето на вработените во јавните комунални претпријатија. Претходно беше набавено специјално комунално возило за зимско одржување на улиците и патиштата, така што сега со новата машина за чистење снег од тротоарите, која многу ќе придонесе за безбедноста на пешаците во сообраќајот, јавните комунални претпријатија подготвено ја пречекуваат зимската сезона и снежните врнежи.

Новиот ровокопач, пак, значително ќе им ја олесни работата на комуналците при нивните интервенции кај дефектите на водоводната мрежа, при поставувањето на нови приклучоци на водоводната и канализациската мрежа, како и при разни други ископи.

Неодамна беа набавени и две нови специјални комунални возила за собирање и транспорт на цврст комунален отпад, со што значително се подобри возниот парк на општинското јавно комунално претпријатие „Илинден“, кое се состои од 12 комунални возила-камиони за собирање и транспортирање на смет, цистерни за фекална канализација и вода и други помошни комунални возила.

Со модернизирањето и обновувањето на опремата на јавните комунални претпријатија се овозможува поквалитетна, побрза и поефикасна комунална јавна услуга за граѓаните на општина Илинден.

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013