Prijavi problem

Aсфалтиран дел од локалниот пат н.м. Кадино-клучка Автопат А-4

Published on: 28.11.2017 - 08:59

Во рамките на комплетната рехабилитација на локалниот пат н.м. Кадино-клучка Автопат А-4, извршено е асфалтирање на дел од патот во должина од 300 метри. Покрај поставувањето на нов асфалт, со цел зафаќање на атмосферските води од коловозот  формирани се нови канали за одведување на атмосферските води од двете страни на коловозот. Истовремено се поставени и цевкасти бетонски пропусти.

Со рехабилитацијата на овој фрекфентен патен правец се подобрува безбедноста во сообраќајот во овој дел од Општината, и се овозможува побрза и побезбедна комуникација.

Безбедноста на учесниците во сообраќајот е еден од приоритетите во работењето на општина Илинден, поради што континуирано се инвестира во изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, како и во изградба и реконструкција на  пешачки и велосипедски патеки.

Со континуираната реализација на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, се дава  голем придонес во рамномерниот развој и подобрувањето на квалитетот на живеење во општина Илинден. 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013