Prijavi problem

Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали

Published on: 10.11.2017 - 14:03

 

Во рамките на реализацијата на Проектот чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали на територијата на општина Илинден, во населба Илинден извршено е машинско чистење и нивелирање на терцијалниот канал-сисавец на Топлик во должина од 500 метри.

Со цел да се обезбеди непречен проток на атмосферските води, континуирано се работи на одржување на каналската мрежа што на територијата на општина Илинден се протега во должина од 120 километри и е дел од хидро мелиоративниот систем „Скопско Поле“.

Имајќи го предвид рамничарскиот терен на кој што се наоѓа Општината, подложен на покачување на нивото на подземните води, редовното одржување на главните, секундарните и терцијалните отворени одводни канали со кои се овозможува зафаќање и непречен проток на атмосферските води и високите подземни води, со што се спречува настанувањето на поплави, останува еден од приоритетите на општина Илинден и во наредниот период. Со тоа се обезбедува подобра животна средина, која е еден од условите за квалитетен живот на населението.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013