Prijavi problem

Амбасадорот на Унгарија д-р Ласло Иштван Дукс ја посети Општина Илинден

Published on: 02.11.2017 - 11:44

Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија д-р Ласло Иштван Дукс со делегација негови соработници ја посети Општина Илинден, при што се сретна со градоначалникот Жика Стојановски. Тој ја искористи можноста да му го честита повторниот избор за градоначалник, посакувајќи му многу успех во натамошната работа.

Градоначалникот Жика Стојановски, го запозна унгарскиот амбасадор  со тековните активности во Општина Илинден, како и реализацијата на повеќе капитални проекти. Стана збор и за економските потенцијали на Општината, како и можноста за привлекување на унгарските стопанственици да инвестираат во Општина Илинден.

Унгарскиот амбасадор посебно ја потенцираше досегашната успешна соработка на полето на културата, додавајќи дека Амбасадата би сакала оваа соработка да ја продолжи и во други области.

Градоначалникот Стојановски како можности за идна соработка ги посочи проектите во областа на зафаќање, третман и одведување на отпадните фекални води преку воведување на нова технологија која што се употребува во Унгарија, како и зголемување на капацитетите на општинската администрација со размена на искуства со општини во Унгарија.

Амбасадорот на Унгарија во нашата земја д-р Ласло Иштван Дукс, ја искористи посетата да подари повеќе нови книги со кои ќе биде збогатено унгарското катче во Општинската библиотека Илинден, што беше отворено пред повеќе од две години. Со отворањето на ова литературно катче на посетителите на библиотеката им се нуди можност подобро да се запознаат со унгарската култура, уметност, литература.

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013