Prijavi problem

Поставен камен-темелник на 3 нови производствени погони на компанијата „Мултипром“, во Општина Илинден

Published on: 06.10.2017 - 11:08

Во присуство на поголем број граѓани и стопанственици во локалната економска зона „Ограѓа“, во населба Илинден, беше поставен камен темелник на три нови производствени погони од по 2000 метри квадратни, на компанијата „Мултипром“. Со новата инвестиција на оваа компанија што се занимава со производство на кондиторски производи, според инвеститорите, се планира да бидат отворени нови 100 до 150 слободни работни места.

„Мултипром“ во која денес има над 300 вработени  е формирана во 1991 година, а од 2005 година стопанисува во Општина Илинден. Тоа е една од првите компании со кои почнува инвестицискиот циклус во Општина Илинден, која стана успешна инвеститорска дестинација со невработеност од само 6 %.

Спопред сопствениците на компанијата, новите погони  треба да бидат готови идната година.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013