Prijavi problem

Осветен крстот на новата црква во градба „Свети Константин и Елена“, во населба Илинден

Published on: 27.09.2017 - 11:59

Во присуство на голем број верници, во населба Илинден на свечен начин беше осветен крстот што ќе биде поставен на новата црква што е во градба, „Свети Константин и Елена“. Осветувањето го изврши Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. 

Новата црква со површина од 400 метри квадратни и височина од 22 метра, почна да се гради во јуни 2012 година, на местото на старата црква „Свети Константин и Елена“ која што била изградена некаде на почетокот на 20 век. 

Олтарот и иконостасот од старата црква која е урната, времено се пренесени во црковната трпезарија каде што се извршуваат сите верски обреди се додека не се изгради новата црква.

Благодарејќи на собраните донаци од верниците досега е изградена карабината на овој храм кој се очекува да биде гордост на верниците од Општина Илинден. 

 

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013