Prijavi problem

Градинката „Гоце Делчев“ подготвена прими 400 дечиња

Published on: 05.09.2017 - 14:03

По повод почетокот на новата воспитна година и приемот на нови дечиња во општинската детска градинка „Гоце Делчев“, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски ја посети оваа детска установа која згрижува 400 деца од преучилишна возраст.

Општинската детска  градинка „Гоце Делчев“ овозможува одлични услови за згрижување на децата, располага со 16 занимални, нова кујна, сала за приредби и манифестации и се простира на површина од вкупно 2000 метри квадратни, што претставува една од најголемите детски градинки во нашата земја.

Поголемиот дел од финансирањето на детската градинка е со средства од Буџетот на Општината, односно во структурата на финансирање на детската градинка Општина Илинден директно учествува со 66 %, а преостанатите 34 % се блок дотации за детска заштита од Буџетот на Р.М.

Општинската детска градинка „Гоце Делчев“ е изградена и предадена во употреба во 2009 година и на почетокот згрижуваше 80 деца. Динамичниот развој на Општината, како и зголемениот прираст на населението, наложи потреба од зголемување на нејзиниот капацитет. Така, по само 3 години постоење, во 2012 година дојде до нејзино прво проширување, по што градинката можеше да згрижува 230 дечиња. Со изградбата на новиот дел во 2016 година се овозможија услови градинката „Гоце Делчев“ да згрижи вкупно 400 деца.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013