Prijavi problem

Прв училишен час за 200 првачиња во Општина Илинден

Published on: 04.09.2017 - 11:04

По повод почетокот на новата учебна година, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски ги посети основните училиште „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“, како и Средното општинско стручно училиште „Илинден“, при што им посака многу успех во понатамошното образование на 2000 основци и 260 средношколци. Тој посебно добредојде им посака на 200 првачиња колку што годинава се запишаа во трите централни и петте подрачни основни училишта во Општината.

Учниците од повисоките одделенија во трите основни училишта во чест на првачињата кои за прв пат седнуваат во училишните клупи подготвија пригодни приредби, а градоначалникот Стојановски, традиционално како и во изминатите години, на сите првоодделенци им подели пригодни подароци.

За време на посетата на Средното општинско стручно училиште „Илинден“, градоначалникот Жика Стојановски искрено добредојде и многу успеси им посака на новите средношколци, односно на петтата генерација ученици во средното училиште запишани во двете паралелки за електротехничка струка, информатика, комуникациска технологија и автоматика. Првата генерација ученици во ова училиште веќе го заврши образованието, дел од нив се запишаа на факултет, а дел веќе работат во производствените погони на стопанските субјекти во Општина Илинден.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013