Prijavi problem

Инвестициските патишта водат кон Општина Илинден - „Отчет 2013-2017“

Published on: 25.08.2017 - 14:57

Инвестициските патишта водат кон Општина Илинден, како резултат на прогресот во привлекување и ефектуирање во реализација на инвестиции, оптимално искористување на можностите и ресурсите во овозможување на поволни услови за влез на нови инвеститори и поддршка на постојните стопански субјекти.

Водечките индикатори за одржлив локален економски развој покажуваат зголемување на бројот на инвестиции и отворање на нови, реални, слободни работни места. 70-те нови членови на бизнис семејството кои во изминатите четири години ги реализираа своите инвестиции во Општина Илинден, го следат континуитетот на инвестицискиот циклус во кој од 2008 година до денес реализирани се вкупно 180 инвестиции, од кои 33 странски дирекни инвестиции(СДИ), додека невработеноста која во 2008 година изнесуваше 38%, денес изнесува 6%.

Во согласност со нашите континуирани заложби за поголема транспарентност, комуникација и интерактивност со граѓаните, продолжувајќи ја до­се­гаш­ната практика, подготвивме Отчет за реализираните проекти во Општина Илинден за периодот 2013-2017 година.

И покрај многубројните предизвици во изминатиот четиригодишен период, ко­рис­теј­ќи ги на­ши­те рас­по­лож­ли­ви по­тен­ци­ја­ли, искус­тва, знаења и ка­па­ци­те­ти, це­лос­но се на­со­чив­ме кон ре­а­ли­за­ци­ја на планираните проекти со цел обез­бе­ду­вање на одржлив еко­ном­ско-со­ци­ја­лен рам­но­ме­рен раз­вој и прос­пе­ри­тет­на идни­на на це­ло­куп­но­то на­се­ле­ние во Општи­на Илин­ден.

На­ша опре­дел­ба во изми­на­ти­от пе­ри­од бе­ше и оста­ну­ва интен­зи­ви­рањето и раз­во­јот на еко­ном­ска­та инфрас­трук­ту­ра, осо­бе­но по­доб­ру­вањето и изград­ба­та на локалната патна инфастурктура, изградба, санација, реконструкција и рехабилитација на општинските улици и патишта, кои се протегаат на должина од 275 километри низ целата општина, како и подобрување на инфраструктурата во локалните економски зони и стопанските комплекси.

Изградивме 47,3 километри локална патна инфраструктура, во текот на последните 4 години, со што се придонесе за рамномерен развој во Општина Илинден. Изградбата, рехабилитацијата, санацијата и реконструкцијата на локалните патишта е од големо значење за локалното население, се олеснува комуникацијата, значително се подобрува безбедноста на сите учесници во сообраќајот, за што инвестиравме 300 милиони денари.

-Зголемувањето на безбедноста во сообраќајот е еден од приоритетите на Општина Илинден. Во таа насока, во делот на безбедноста на пешаците и велосипедистите како учесници во сообраќајот континуирано инвестираме во изградба и реконструкција на пешачки и велосипедски патеки.

Во рамките на реализацијата на овој проект изградени се вкупно 15 километри пешачки и велосипедски патеки, патеки за спортување и рекреација. Ја изградивме пешачко-велосипедска патека, патека за ролерки, Марино-Кадино во должина од 2.000 метри. Патеката е комплетно осветлена, а во рамките на реализацијата на овој проект поставена е урбана опрема, како и уредување на зелените површини.

Исто така, во населено место Ајватовци изградивме пешачко-излетничка патека. Патеката што води кон излетничото место кај н.м. Ајватовци, е во должина од 770 метри и истата е комплетно осветлена.

Изградивме 8 нови мостови, од кои 6 пешачки, како дел од проектот „Изградба и реконструкција на 10 мостови“.

Во делот на заштита на животната средина, во рамките на проектот за изградба на систем за прифаќање, третман и одведување на отпадните фекални води од домаќинствата за кој инвестиравме 150 милиони денари, изградивме 4 пречистителни станици со капацитет од 1.250 еквивалент/жители и канализациски систем во должина од 16.000 метри во населените места: Илинден, Марино и Кадино, кои опфаќаат 1.400 домаќинства. Овој тип на канализациски системи што се градат во Општина Илинден се состои од повеќе сегементи кои што работат независно еден од друг, што претставува предност,бидејќи сегментите можат да се градат во зависност од расположливите средства. Приоритет во изградбата на сегментите се даде на места кои подлежат на високи нивоа на подземни води и се најгусто населени. Целта на проектот е да се прочистат отпадните фекални води од домаќинствата и стопанството и потоа да се пуштат во одводниот реципиент.

Со цел обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални  услуги за потребите на граѓаните и на стопанството, набавивме две нови специјални комунални возила за собирање и транспорт на цврст комунален отпад, како и специјално возило за зимско одржување на улиците и патиштата.

Целосно е намалено загадувањето од рафинеријата за нафта Окта, ги зголемивме зелените површини и извршивме пошумување на повеќе локации во општината. Ревитализиравме повеќе локации на деградиран простор и отстранети се дивите депонии, со што придонесовме за подобрување на животната средина и условите за живеење на граѓаните.

Во насока на подобрување на  квалитетот на живеење на граѓаните на Општина Илинден презедовме  обврски и надлежности во сферата на здравството. Изградивме и пуштивме во употреба нов објект на Амбуланта во Миладиновци, која опфаќа 4.500 жители од 6 населени места: Миладиновци, Бујковци, Мршевци, Бучинци, Текија и Дељадровци и извршивме уредување на просторот околу амбулантата во населба Илинден.

Создавајќи услови за просперитетна иднина на населението и заедницата, во делот на детската заштита, со цел зголемување на капацитетот за згрижување на деца од предучилишна возраст, излеговме во пресрет на потребите на граѓаните,  изградивме нов дел и ја проширивме детската  градинка „Гоце Делчев“, која сега има површина од 2000 м2 и капацитет за згрижување на 400 дечиња.

Во облас­та на обра­зо­ва­ни­е­то-поч­на со ра­бо­та прво­то Сред­но општинско струч­но учи­лиш­те „Илин­ден”, со што во Општи­на Илинден за прв пат од неј­зи­но­то пос­тоење се во­ве­де сред­но обра­зо­ва­ние, со насоки за електротехничка струка, информатика, комуникациска технологија и автоматика. Во­ве­ду­вањето на сред­но обра­зо­ва­ние е ре­зул­тат на изградбата на нова училишна зграда со површина од 2.300 метри квадратни, која прет­ста­ву­ва ви­со­ко енер­гет­ско-ефи­ка­сен објект, со ино­ва­ти­вен прис­тап и во­ве­де­ни но­ви тех­но­ло­гии и еко­лош­ки ма­те­ри­ја­ли, греење и ла­дење со алтер­на­тив­ни изво­ри на енер­ги­ја, со иско­рис­ту­вање на топ­лин­ска­та енер­ги­ја од под­зем­ни­те во­ди.

Избо­рот на на­со­ки­те во учи­лиш­те­то е плод на успеш­на­та со­ра­бот­ка на ло­кал­на­та са­мо­уп­ра­ва и биз­нис-сек­то­рот во општи­на­та. По се­оп­фат­на­та ана­ли­за за пот­ре­би­те од со­од­ве­тен ка­дар за сто­пан­ство­то во општи­на­та про­из­ле­зе избо­рот на сред­но­то учи­лиш­те кое ќе про­фи­ли­ра ка­дар што вед­наш по зав­ршу­вањето ќе би­де оспо­со­бен да се вклу­чи во про­из­вод­стве­ни­те про­це­си.

Годинава своето четиригодишно средно стручно образование го завршува првата генерација на ученици кои ќе можат да се вработат во компанииите во кои ги реализираа своите практични настави, со кои општината и училиштето имаат склучено договори за соработка.

Континуирано работевме на обезбедување поволни услови за негување и унапредување на културата. Во таа насока, во 2016 година изградивме два нови домови на култура во населените места Марино и Миладиновци, со што денес жителите на сите 12 населени места во Општина Илинден имаат свој простор за општествено делување, а го реализиравме и уникатниот, единствен и оригинален проект паркот „Галерија на отворено“, кој опфаќа уредување на Домот на култура „Илинден“.

Како дел од Проектот за чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали, континуирано машински и рачно се чистеа 120 километри на каналска мрежа во Општина Илинден.

Подобрувањето на квалитетот на живеење и животниот стандард на  жителите од сите дванаесет населени места: Илинден, Марино, Кадино, Мралино, Миладиновци, Дељадровци, Бујковци, Мршевци, Текија, Бучинци, Бунарџик, Ајватовци, преку реализацијата на значителен број проекти, претставува наша заедничка определба.

Предизборниот период претставува акумулација за нов инвестициски циклус кој ќе следува во општина Илинден.

Да ги искористиме силните страни на општина Илинден!

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Отчет 2013-2017
ilinden.gov.mk © 2013