Prijavi problem

Се возеше рекреативна велосипедска трка во должина од 5 километри

Published on: 24.07.2017 - 14:01

Во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2017“, како вовед во големата професионална велосипедска трка „Трофеј Илинден 2017“ се одржа традиционалната велосипедска трка за рекреативци, во должина од 5 километри.

Дел од оваа рекреативна велосипедска трка, во која и покрај толплото време учествуваа голем број граѓани, беше и градоначалникот Жика Стојановски.

Од година во година рекреативната велосипедска има се повеќе учесници од сите возрасти, што е уште еден показател дека велосипедот се помасовно се употребува во секојдневието.

Најмлад учесник на годинешната рекреативна трка беше 2,5 годишниот Славјан Кузмановски од населба Илинден.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013