Prijavi problem

Ѕвездите на мак-фудбалот беа дел од Спортски викенд „Илинден 2017“

Published on: 23.07.2017 - 11:04

Љубителите на фудбалот во Општина Илинден имаа ретка можност да уживаат во мајсториите на ѕвездите на македонскиот фудбал од редовите на нашите најтрофејни клубови Вардар и Работнички. Во натпревар со екипата на Општина Илинден кој заврши нерешено 3:3 гледачите можеа да видат многу надмудрувања и квалитетен фудбал и покрај тоа што средбата имаше ревијален карактер.

На клупата на македонските фудбалски ѕвезди седеше популарниот Никола Илиевски – Џиџи, што само дополнително ја збогати оваа прекрасна фудбалска вечер во Општина Илинден. 

Натпреварот се одигра на фудбалското игралиште во Марино, во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2017“ што се одржува по повод одбележувањето на Денот на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013