Prijavi problem

Награди за младите автори од ООУ„Гоце Делчев“

Published on: 04.07.2017 - 09:30

Младите автори од ООУ„Гоце Делчев“, од Општина Илинден, Стефанија Мирковска и Матеј Спасовски своето учество на поетскиот фестивал „Поетски синтези“ во Битола го крунисаа со освојување на престижни награди за нивните книги.

Стефанија Мирковска ја доби наградата Поетска гравитација за млад автор за стихозбирката „Помеѓу минатото и сегашноста“, а Матеј Спасовски наградата Прозна гравитација за книгата со раскази „Приказни зад аголот“.

Во организација на Здружението за наука и култура „Нова“ во Битола се одржа деветтиот фестивал „Поетски синтези 2017“ под мотото  „Поетски пораки за мир“. На фестивалот беше промовиран и зборникот песни „Поетски пораки за мир“, а беа доделени и награди на млади автори по пролетниот конкурс на Здружението за наука и култура „Нова“.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Отчет 2013-2017
ilinden.gov.mk © 2013