Prijavi problem

Средба со унгарски стопанственици за примена на нова технологија во зафаќањето и одведувањето на отпадните води во Општина Илинден

Published on: 16.06.2017 - 10:20

Во Општина Илинден претстојуваа претставници на Унгарската трговска комора кои што се занимаваат со проектни решенија и изведба на системи за третман и чистење на отпадни води, вода за пиење, арсен и вакуум канализации.

Унгарските стопанственици беа примени од градоначалникот Жика Стојановски, при што беше остварена посета на неколку пречистителни станици кои се дел од фекалната канализација во Општина Илинден. На средбата стана збор за примена нови иновативни решенија за изградба на системи за зафаќање и одведување на отпадните води применети во повеќе европски земји, имајќи го предвид ранмничарскиот дел на Општината и високото ниво на подземни води.

Посебно се разговараше за примена на вакуум канализации и канализациони системи под притисок кои се применуваат во места со слични карактеристики како во Општина Илинден. Истовремено, стана збор и за можна заедничка соработка во делот на аплицирање и искористување на средства од фондовите на Европската унија.

Како што е познато, во делот на заштита на животната средина, во рамките на проектот за изградба на систем за прифаќање, третман и одведување на отпадните фекални води од домаќинствата и од стопанските објекти, Општина Илинден изгради 4 сегменти од фекалната канализација со 4 пречистителни станици во 3 населени места, кои опфаќаат 1.400 домаќинства, односно 5.000 жители.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Отчет 2013-2017
ilinden.gov.mk © 2013