Prijavi problem

Доделени дипломите на учениците што ги посетуваа бесплатните курсеви во рамките на КЕЦ „Илинден“

Published on: 09.06.2017 - 09:56

Во амфитеатарот што е дел од „Галеријата на отворено“ во дворот на Домот на култура „Илинден“, во присуство на градоначалникот Жика Стојановски на свечен начин им беа доделени дипломите на учениците што годинава  ги завршија бесплатните курсеви во рамките на Културно Едукативниот Центар (КЕЦ) „Илинден“.

Во насока на подигнување на  квалитетот на образовниот процес, со цел младите да се здобијат со нови образовни и културни вредности Општина Илинден веќе 12 школски години по ред успешно ги реализира бесплатните курсеви во рамките на КЕЦ „Илинден“.

Доделувањето на дипломите беше проследено со свечена приредба на која учениците се претставија со повеќе точки, преку кои пренесоа дел од она што го научиле на бесплатните курсеви. За најредовните посетители на бесплатните курсеви беше организирана лотарија, по која петмина беа наградени со таблети.

Во текот на минатата учебна година учениците посетуваа курсеви во повеќе наставни дисциплини како странски јазици: англиски, германски, италијански, шпански, грчки јазик, aктерска игра, модерен балет, јога, сликарство...

Во изминатите 12 години доделени се над 6.000 допломи за посетени бесплатни курсеви на кои учениците од Општина Илинден на возраст од 8 до 16 години се стекнаа со нови знаења.

Општина Илинден и во иднина, согласно своите стратешки определби, во насока на унапредување на образованието, како една од најзначајните области за развој и фактор на современиот раст, ќе продолжи со инвестирање и унапредување на квалитетот на образовниот процес во Средното општинско стручно училиште „Илинден“, како и во трите општински основни училишта „Гоце Делчев“, „Браќа Миладиновци“ и „Ристо Крле“, а во тие рамки и со бесплатните курсеви во рамките на КЕЦ „Илинден“.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013