Prijavi problem

Промовирани книги на двајца млади автори-ученици во ООУ „Гоце Делчев“

Published on: 07.06.2017 - 11:59

Во присуство на голем број ученици, наставници, родители и гости во Домот на култура „Илинден“ беа промовирани две книги на двајца млади автори-ученици во ООУ „Гоце Делчев“. Станува збор за стихозбирката „Помеѓу минатото и сегашноста“ на Стефанија Мирковска, ученичка во осмо одделение и збирката раскази „Приказни зад аголот“ на Матеј Спасовски, ученик во седмо одделение.

Книгите ги промовираше Марта Марковска, а присутните имаа можност да слушнат извадоци од новите дела во изведба на самите автори.

Стефанија Мирковска и Матеј Спасовски, учествуваа на конкурсот за необјавена книга поезија и проза распишан од Здружението за наука и култура „Нова“-Битола, при што Мирковска ја доби наградата Поетска гравитација за млад автор, а Матеј Спасовски наградата Прозна гравитација за млад автор.

Наградите ќе им бидат доделени на меѓународниот поетски фестивал „Поетски синтези“ што ќе се одржи овој месец во Битола.

На Стефанија Мирковска ова и е втора книга. Минатата година таа го издадероманот „Животот е роман“.

Во изминатите две години петмина ученици од ООУ „Гоце Делчев“ издадоа 6 свои книги, што претставува успех со кој можат да се пофалат малку училишта во нашата земја.   

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Отчет 2013-2017
ilinden.gov.mk © 2013