




Отворена изложбата „Убава е Македонија“ на академскиот сликар Новица Трајковски
Published on: 01.06.2017 - 13:07
Пред поголем број љубители на уметноста, во Домот на култура „Илинден“, беше отворена изложбата „Убава е Македонија“ на академскиот сликар Новица Трајковски. За значењето на изложбата и творештвото на авторот кој потекнува, а и денес живее во Општина Илинден на присутните им се обрати Љубен Пауновски. Тој посебно истакна дека сликарството на Новица Трајковски е афтобиографска исповед на стварното во егзистенцијалниот пат на уметникот. Затоа, како што рече тој, неговото сликарство е средба на реалноста и соништата кои уметникот ги доживеал. На изложбата, Трајковски кој зад себе има реализирано над 40 самостојни изложби во Македонија и надвор од државата, се претставува со 30-на негови нови дела, кои го предизвикаа интересот на присутните. Новица Трајковски е член на ДЛУМ, а досега има учествувано на голем број групни изложби и колонии. Познат е по тоа што слика во циклуси и тематски серии, какви што се досега афирмираните циклуси „Меѓу сонот и јавето“, „Од очите на ангелот“, „Будење“, „Патници“, „Пат“, „Извор“ и „Љубов“. Во галеријата на Домот на култура „Илинден“ изложбата ќе биде поставена до месец август, годинава, што е убава можност да ја видат што поголем број вљубеници во уметноста. |
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманиетоNews
ReportingГалерииВидео
ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
|