Prijavi problem

Во Домот на културта во Мршевци се одржа Третата работилница за изработка на Стратешкиот план за ЛЕР на Општина Илинден за периодот 2012-2016 година

Published on: 18.11.2011 - 11:34

Во Домот на културта во н.м.Мршевци се одржа Третата од предвидените пет работилници за изработка на Стратешкиот план за ЛЕР на Општина Илинден за периодот 2012-2016 година, како и за изработка на Профил на Општината, што се реализира во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На Работилницата учествуваа претставници на ОБСЕ, претставници од бизнис секторот, јавната администрација, членови на Советот на Општина Илинден, јавни институции, невладини организации, месни заедници...

Учесниците во Работилницата имаа можност да проследат две презентации, едната за Концептот на енергетската ефикасност, што ја презентираше Илија Саздовски, проектен менаџер на УНДП проектот за енергетска ефикасност и втората за Управување со градежно земјиште (правна регулатива, можности и практики) презентирана од Панче Тошковски, експерт за управување со градежно земјиште.

Новиот Стратешки план за Локален економски развој за периодот 2012-2016 година треба да биде изработен до крајот на годината, при што треба да биде одредена насоката на развој на Општина Илинден, како и да бидат определени конкретните акциони чекори за наредниот период. 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013