Prijavi problem

Голем успех на младите истражувачи од Средното општинско стручно училиште „Илинден“

Published on: 16.05.2017 - 09:31

Учениците од Средното општинско стручно училиште „Илинден“ постигнаа извонредни резултати на овогодинешните натпревари на млади истражувачи од Република Македонија-Наука на млади, што по 53 пат се одржа во Куманово.

Ученикот од четврта година Марио Наумовски за својот проект „Уред за далечинска контрола на мрежни потрошувачи“,  освои златен медал и го потврди првото место од државните натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните училишта во Република Македонија. Како признание и награда за својот успех доби повеќедневно научно патување во Република Словенија.

Ученикот Филип Витковски, исто така од четврта година, освои 3 место со  проектот „Конструкција и управување на лифт со програмабилен логички контролер“ и се закити со бронзен медал. 

Со своето учество на натпреварот, училиштето успешно го претставија и ученичките  Симона Симоновска со проектот „Веб базиран дневник за патување во Европа“ и Мартина Марковска со проектот „Питагора и Питагорова теорема“.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013