Prijavi problem

Се одржа втората Работилница за изработка на Стратешкиот план за ЛЕР на Општина Илинден

Published on: 14.11.2011 - 12:05

Општина Илинден во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје, продолжува со реализација на проектот за изработка на нов Стратешки план за Локален економски развој за периодот 2012-2016 година, како и за изработка на Профил на Општината. 

Во Домот на културата во населеното место Кадино се одржа втората од предвидените пет работилници, на која покрај градоначалникот Жика Стојановски, претставници на ОБСЕ учествуваа и повеќе претставници од бизнис секторот, јавната администрација, членови на Советот на Општина Илинден, јавни институции, невладини организации, месни заедници, спортски здруженија...

Новиот Стратешки план за Локален економски развој за периодот 2012-2016 година треба да биде изработен до крајот на годината, при што треба да биде одредена насоката на развој на Општина Илинден, како и да бидат определени конкретните акциони чекори за наредниот период. Сето ова треба да овозможи продолжување на економскиот раст и подобрување на условите за живеење во Општина Илинден.

Преостанатите три работилници, исто така, ќе се одржат во реконструираните и обновени домови на културата во Општина Илинден што беа опфатени со капиталниот Проект “10 Домови на културата“.

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013