Prijavi problem

Женската фудбалска екипа на ОУ „Браќа Миладиновци“ шампион на Скопје

Published on: 11.04.2017 - 13:13

Женската фудбалска екипа на ООУ „Браќа Миладиновци“ од Општина Илинден ја одбрани титулата првак на Град Скопје во фудбал за 2017 година.

Во финалниот натпревар што во организација на Сојузот на училишен спорт на Град Скопје и Општина Илинден се одигра на фудбалското игралиште во н.м. Марино, екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“ со резултат од 2:1 ја совлада екипата на ООУ „Ристо Крле“,  исто така од Општина Илинден. Со оваа победа женската екипа на ООУ “Брака Миладидовци” ги обедини двете титули на првак на Скопје во футсал и во фудбал за 2017 година .

Како шампион на Скопје, екипата на “Брака Миладидовци” избори пласман на државното првенство во женски фудбал за основни училишта што ќе се одржи на 15.05.2017 година во Струмица, а на кое ќе учествуваат прваците на регионите.

Континуираните успешни настапи и постигнати резултати на екипите од училиштата од Општина Илинден на градските и државните натпревари е резултат на организираниот систем на работа во училишниот спорт, што придонесе повеќемина спортисти од Општина Илинден денес да го носат дресот со државниот грб.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Отчет 2013-2017
ilinden.gov.mk © 2013