Prijavi problem

На повеќе локации во Општината се реализра Проектот „Со зеленило против загадувањето“

Published on: 10.03.2017 - 14:21

На неколку локации во Општината интензивно се работи на реализација на Проектот „Со зеленило против загадувањето“, што ќе трае во текот на месец март. Покрај засадување на повеќе листопадни и зимзелени садници на пешачко рекреативната патека Марино-Кадино, се работеше и на озеленување на дворот на Домот на култура „Илинден“.

Со Проектот за озеленување се опфатени 20 локации на површина од 60.000 м2, каде што е предвидено да бидат засадени 1000 садници, со што ќе се даде значаен придонес во заштитата на животната средина и обезбедувањето на почист воздух.

Целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница.

Се повикуваат сите граѓани, ученици, младинци, пензионери, претставници на бизнис секторот, активно да се вклучат во реализацијата на проектот и сите заедно да дадеме свој придонес кон заедницата, свој придонес во создавањето на подобри услови за живеење и здрава животна средина.

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013