Prijavi problem

Проект „Со зеленило против загадувањето“

Published on: 10.03.2017 - 13:41

20 локации    -  60 000 м2   - 1000 садници

Како дел од континуираните активности за заштита на животната средина Општина Илинден во текот на месец март го реализира проектот „Со зеленило против загадувањето“.

Со активностите од проектот за озеленување се опфатени 20 локации на површина од 60 000 м2, каде што е предвидено да бидат засадени 1000 садници.

Целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница.

Се повикуваат сите граѓани, ученици, младинци, пензионери, бизнис секторот, општинските комунални претпријатија, општинската администрација активно да се вклучат во реализацијата на овој еколошки проект, преку засадување на повеќе листопадни и зимзелени садници да создадеме подобри услови за живеење за нас, но и за идните генерации.

Сите заедно да се вклучиме во озеленување на Општина Илинден и да дадеме свој придонес за здрава животна сердина.

Поврзани вести: 

Проектот „Со зеленило против загадувањето“ успешно реализиран

Галерија: Интензивно се реализира Проектот „Со зеленило против загадувањето“

Галерија: Учениците се вклучија во Проектот „Со зеленило против загадувањето“

На повеќе локации во Општината се реализра Проектот „Со зеленило против загадувањето“

Општина Илинден почна со реализација на Проектот „Со зеленило против загадувањето“

Прилог: Програма за озеленување на јавни зелени површини на територија на Општина Илинден во 2017 година

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013