Prijavi problem

Во Домот на култура „Илинден“ промовирана книгата „Колекционер“, на Драган Таневски

Published on: 16.02.2017 - 10:22

Во организација на Културно Едукативниот Центар „Илинден“, пред поголем број љубители на пишаниот збор, меѓу кои и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, во Домот на култура „Илинден“ беше промовиран третиот дел од книгата „Колекционер“, на писателот Драган Таневски.

Извадоци од книгата читаа ученици што ги посетуваат бесплатните  курсеви што ги организира КЕЦ „Илинден“, а со Таневски и неговото творештво присутните беа запознаени преку интересно мини-интервју со авторот.

Драган Таневски е роден во Скопје и досега има издадено шест книги. Во рамките на промоцијата, 15 примероци од неговата колекција книги тој и подари на Општинската библиотека „Илинден“.  

Во насока на подигнување на квалитетот на образовниот процес, а со цел младата популација да се здобие со нови образовни и културни вредности КЕЦ „Илинден“ веќе 12 години по ред успешно ги реализира бесплатните курсеви за учениците од Општина Илинден. 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Отчет 2013-2017
ilinden.gov.mk © 2013