Prijavi problem

Прес на градоначалникот Жика Стојановски за реализираните проекти во Општина Илинден во 2016 година

Published on: 15.02.2017 - 13:14

Зад нас е уште една година што ја одбележаа многу активности, период во кој успеавме да го реализираме најголемиот дел од планираното.

Искористувајќи ги сите наши располжливи потенцијали, искуства, знаења и капацитети во соочувањето со предизвиците, во изминатата година целосно се насочивме кон реализација на предвидените проекти, во насока на обезбедување одржлив економско-социјален рамномерен развој и просперитетна иднина на жителите во сите 12 населени места во Општина Илинден.

Со цел Општина Илинден да биде подобро место за живеење, место со  подобри услови за стопанисување, подобри услови за образование, за одржлив економски развој, повисок  животен стандард и поквалитетен живот на населението, реализиравме голем број на капитални проекти кои ги дефинираа граѓаните на Општина Илинден.

-Исполнително, посветено и одговорно континуирано создаваме услови за влез на нови инвестиции. Токму како резултат на спроведувањето и реализацијата на реален и ефективен концепт за овозможување поволни услови за влез на нови инвестиции, продолжи инвестицискиот циклус карактеристичен за Општина Илинден.

Благодарејќи на оптималното искористување на ресурсите и можностите, од 2008 година до денес во Општина Илинден реализирани се 180 инвестиции, од кои 33 странски директни инвестиции (СДИ), а невработеноста која во 2008 година изнесуваше 38 %,  денес изнесува 6 %.

-Интензивно работевме на обнова на патиштата, на реализацијата на капиталниот проект за  Подобрување на локалната патна инфастурктура, изградба, санација, реконструкција и рехабилитација на општинските улици и патишта, кои се протегаат на должина од 275 километри низ целата општина, како и Подобрување на инфраструктурата во локалните економски зони и стопанските комплекси.

Во текот на минатата година изградивме, рехабилитиравме, саниравме и реконструиравме 80 локални улици и патишта во должина од 22 километри, за што инвестиравме 170 милиони денари.

-Зголемувањето на безбедноста во сообраќајот е еден од приоритетите на Општина Илинден. Во таа насока, во делот на безбедноста на пешаците и велосипедистите како учесници во сообраќајот Општина Илинден континуирано инвестира во изградба и реконструкција на пешачки и велосипедски патеки.

Во рамките на реализацијата на овој проект изградени се вкупно 15 километри пешачки и велосипедски патеки, патеки за спортување и рекреација, како и 7 нови мостови, од кои 6 пешачки, како дел од проектот „Изградба на 10 мостови“.

-Во делот на заштита на животната средина, во рамките на проектот за изградба на систем за прифаќање, третман и одведување на отпадните фекални води од домаќинствата и од стопанските објекти, во 2016г. изградивме 2 сегменти од фекалната канализација со канализациски систем во вкупна должина од 7500 метри,  и 2 пречистителни станици во н.Илинден и Марино,со вкупен капацитет од 2500 еквивалент/жители, кои опфаќаат 660 домаќинства.

-Во насока на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Општина Илинден презедовме  обврски и надлежности во сферата на здравството.

Изградивме и пуштивме во употреба нов објект на Амбуланта во Миладиновци, која опфаќа 4.500 жители од 6 населени места: Миладиновци, Бујковци, Мршевци, Бучинци, Текија и Дељадровци и извршивме уредување на просторот околу амбулантата во населба Илинден.

-Создавајќи услови за просперитетна иднина на населението и заедницата, во делот на детската заштита, со цел зголемување на капацитетот за згрижување на деца од предучилишна возраст, им излеговме во пресрет на потребите на граѓаните,  изградивме нов дел и ја проширивме детската  градинка „Гоце Делчев“, која сега има капацитет за згрижување на 400 дечиња.

-Континуирано работевме на обезбедување поволни услови за негување и унапредување на културата. Во таа насока, во 2016 година изградивме два нови домови на култура во населените места Марино и Миладиновци, со што денес жителите на сите 12 населени места во Општина Илинден имаат свој простор за општествено делување, а го реализиравме и уникатниот, единствен и оригинален проект „Галерија на отворено“, кој опфаќа уредување на Домот на култура „Илинден“.

-Како дел од Проектот за чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали во Општина Илинден, во 2016 година исчистени се 60 километри од каналската мрежа, што е за 14 километри повеќе од планираните 46 километри за оваа година.

Подобрувањето на квалитетот на живеење и животниот стандард на  жителите од сите дванаесет населени места: Илинден, Марино, Кадино, Мралино, Миладиновци, Дељадровци, Бујковци, Мршевци, Текија, Бучинци, Бунарџик, Ајватовци, преку реализацијата на значителен број проекти, претставува наша заедничка определба. Убеден сум дека со поддршката и довербата од жителите на Општина Илинден успеваме да ја реализираме визијата: Општина Илинден да прерасне во урбана, атрактивна и конкурентна општина во регионот и пошироко, со создадени услови за одржлив економски и социјален развој, како и квалитетен живот на сите граѓани.

Да ги искористиме силните страни на Општина Илинден!

 

Отчет на градоначалникот Жика Стојановски за реализираните проекти во општина Илинден во 2016 година

Отчет елткронски весник КЛИКАЈ ТУКА

Отчет PDF download КЛИКАЈ ТУКА

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013