Prijavi problem

Поставен камен темелник на нов Дом на културата во Текија

Published on: 31.05.2011 - 12:33

Во населеното место Текија, во Општина Илинден, на свечен начин беше поставен камен темелник на нов Дом на културата. Во присуство на поголем број граѓани камен темелникот го поставија вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и кандидатот за пратеник Владимир Ѓорчев.

Изградбата на овој дом на култура е дел од капиталниот проект на Општина Илинден “10 Домови на културата“, во рамките на кој, покрај изградбата на Домот на Културата во нас. Илинден што е во тек, опфатена е и реконструкција и санација на сите домови на културата во Општината. 

При крај е реконструкцијата на Домовите на културата во населените места Кадино, Бујковци и Бучинци, додека Домот на културата во населеното место Мршевци веќе е комплетно реконструиран и предаден во употреба.

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013