Prijavi problem

Пуштен во употреба реконструираниот Дом на култура „Мралино“

Published on: 04.12.2015 - 15:33

Со пригодна културно-уметничка програма изведена од страна на учениците од подрачното основно училиште „Ристо Крле“ од Мралино и Ансамблот за народни песни и ора „Илинден“, беше одбележана реконструкцијата на Домот на култура „Мралино“. На свеченото пуштање во употреба на реконструираниот Дом на култура, покрај големиот број граѓани присуствуваа и градоначалникот на Општина Илинден, м-р Жика Стојановски и претседателот на Советот на Општината, Марјан Милошевски.

Со реконструкцијата и обновувањето на овој дом на култура, со површина од 250 метри квадратни, Општина Илинден ја заокружува реализацијата на капиталниот проект „Изградба, санација и реконструукција на 10 Домови на култура“, во рамките на кој се изградени, реконструирани, опремени и предадени во употреба 9 домови на културата: „Илинден“, „Кадино“, „Мршевци“, „Бујковци“, „Дељадровци“, „Бучинци“, „Бунарџик“, „Текија“ и „Ајватовци“.

Жителите на Мралино, со пуштањето во употреба на овој дом на култура добиваат простории каде што ќе можат меѓусебно да се дружат, да организираат разни манифестации, средби и состаноци. Домот на културата ќе можат да го користат месните заедници, здруженијата на пензионери, здруженијата на жени, на младинци, спортските друштва, односно сите граѓани што ќе имаат потреба за тоа.

Покрај целосната реконструкција и опремување, во Домот на култура „Мралино“, како и во другите 9 домови на култура опфатени со Проектот, е обезбеден бесплатен безжичен интернет.

Со изградбата и реконструкцијата на домовите на култура, Општина Илинден продолжува со инвестиции во инфраструктурни објекти за потребите на културата, создавајќи услови за организирање на културни настани.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013