Prijavi problem

ОУ„Гоце Делчев“ го одбележа патрониот празник

Published on: 04.05.2015 - 14:07

Со богата приредба што се одржа во Домот на култура „Илинден“, најголемото основно училиште во Општина Илинден, „Гоце Делчев“ го одбележа патрониот празник.

Годинава приредбата, на која присуствуваше и градоначалникот Жика Стојановски, се одржа под мотото „Времеплов“. Во преполната сала на Домот на култура „Илинден“ учениците се претставија со повеќе драмски точки, ритмички вежби, рецитали, фолклор... измамувајќи бурни аплаузи од присутните.

Како основно четиригодишно училиште, училиштето „Гоце Делчев“ со работа започнало пред 70 години, односно на 12 септември 1945 година, а на почетокот наставата се одвивала во две паралелки. Во учебната 1964-1965 година училиштето почнало да работи во новата училишна зграда со 396 ученици од прво до седмо одделение.

Денес, во ова основно училиште кое неодамна беше комплетно реконструирано во рамките на континуираните инвестиции на Општина Илинден во образованието, со цел на учениците да им се обезбедат квалитетни услови за покажување на нивните способности и постигнување на високи резултати во образовниот процес, учат над 1.000 ученици.

Името на идеологот на македонското револуционерно движење, најголемиот македонски визионер Гоце Делчев,  во Општина Илинден покрај основното училиште, го носат и Спортската сала, како и општинската детска градинка.

 

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013