Prijavi problem

Поставување на штедливи светилки за улично осветлување

Published on: 21.10.2009 - 08:54

Општина Илинден отпочна со реализација на проектот за Енергетска ефикасност, односно примена на принципот за користење на алтерантивни извори за заштеда на енергијата.

Во таа насока се отпочна со промена на живините обични улични светилки со поставување на нови штедливи флуоресцентни улични светилки.

Со поставување на овие светилки се допринесува до заштедување на 40% од потрошувачката на енергија во однос на обичните светилки.

Со поставувањето на овие светилки на влезот на општината, како и пред јавните општински установи (Спортска сала, општинска зграда, детска градинка и основни училишта) се отпочна со реализација на овој приоритетен проект за Општина Илинден.

Во наредниот период ќе се продолжи со акцијата за промена на сите 1300 обични живини улични светилки на целата територија на Општина Илинден.

Средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

Промената на уличните светилки значително ќе ја подобри осветленоста на локалните патишта и јавни објекти во општината како и ќе се допринесе во заштеда на финансиски средства во Буџетот на Општината, средства кои ќе се наменат односно инвестирани други инфраструктирни проективо делот на заштеда и примена на алтернативни обновливи извори енергија во општината.

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013