Prijavi problem

Настани

29.03.2018 |

Ларвицидна дезинсекција за уништување на комарци

Како дел од  Програмата за заштита на населението од заразни болести за 2018 година, општина Илинден почна со ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување на ларви од комарци, на површина од 50 хектари.

28.03.2018 |

„Со зеленило против загадувањето“ на површина од 80.000м2

Проектот „Со зеленило против загадувањето“, како дел од континуираните активности за заштита на животната средина на општина Илинден, интензивно се реализира на 25 локации на површина од 80 000 м2.

27.03.2018 |

Поставени контејнери за селектиран отпад

Во рамки на проектот на Општина Илинден за интегрирано управување со комуналниот цврст отпад, како и обезбедување на поздрава животна средина, се изврши набавка и поставување посебни контејнери за хартија, пластика и стакло, каде што граѓаните ќе можат да фрлаат селектиран отпад.

20.03.2018 |

Изграден нов одводен канал во локалната економска зона Марино-Кадино

Во рамките на проектот Изградба и подобрување на систем за зафаќање и одведување на атмосферските води и високите подземни води во локалната економска зона Марино-Кадино изграден е нов канал за одводнување во должина од 500 метри.

19.03.2018 |

Учениците од средното училиште „Илинден“ на практична настава во Кемет Електроникс

Учениците од Средното општинско стручно училиште „Илинден“ реализираа практична настава во американската компанија за електронски производи Кемет Електроникс. Притоа, тие се запознаа со почетоците на оваа компанија, како и со производите што таа ги изработува во Македонија.

16.03.2018 |

Проект „Со зеленило против загадувањето“

Како дел од континуираните активности за заштита на животната средина општина Илинден го реализира проектот „Со зеленило против загадувањето“. Со активностите од проектот за озеленување се опфатени 25 локации на површина  од 80 000 м2.

14.03.2018 |

Континуирано одржување на каналската мрежа во Општината

Во рамки на проектот на Општина Илинден - „Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали“, континуирано се врши машинско и рачно чистење на отворените одводни канали што се наоѓаат на територија на општината во должина од 120 километри, а се дел од хидро мелиоративниот систем „Скопско Поле“.

13.03.2018 |

Градинката „Гоце Делчев“ го одбележа 9-от патронат

На свечен начин детската градинка „Гоце Делчев“ го одбележа 9-от патронен празник.

08.03.2018 |

Традиционален Осмомартовски концерт во Домот на култура „Илинден“

Во Домот на култура „Илинден“, по повод меѓународниот Ден на жената 8-ми Март, се одржа традиционалниот Осмомартовски концерт. Членовите на Ансамблот за народни песни и игри „Илинден“, како и уметници од музичкото училиште „Илија Николовски Луј“ со сплет македонски песни и ора на припадничките од понежниот пол им го честитаа празникот 8 Март.

07.03.2018 |

Градоначалникот Жика Стојановски се обрати на форумот „Одржлив урбан развој во Југоисточна Европа“, во Виена-Австрија

Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, учествуваше на симпозиум на тема „Одржлив урбан развој во Југоисточна Европа“, што се одржа во Виена, Австрија.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013