Prijavi problem

Настани

20.07.2018 |

Спортски викенд „Илинден 2018“ - Атлетика

Натпреварите во атлетика-трчање кои се составен дел на Спортскиот викенд, ќе се одржат на 21 јули, со почеток во 19:00 часот, на пешачко-рекреативната патека Марино-Кадино, која што е во должина од 2000 метри и која нуди идеални услови за ваков вид на натпревари.

20.07.2018 |

Спортски викенд „Илинден 2018“ - Турнир во шах

Шаховскиот турнир што се реализира во соработка со Шаховската федерација на Македонија ќе се одржи во просториите на Домот на култура „Илинден“, на 21 јули од 10:00 до 15:00 часот . 

17.07.2018 |

Отворена изложба на цртежи на Васе Костовски, во Домот на култура „Марино“

Во галеријата на Домот на култура „Марино“, отворена e изложба на цртежи и скици на Васе Костовски, уметник аматер од општина Илинден. Љубителите на уметноста имаат можност да видат над 80 цртежи и скици на Костовски кој последните неколку години се занимава со уметноста, која како што вели, е негова голема љубов.

17.07.2018 |

По повод Денот на општина Илинден досега рекордни 63 крводарители ја даруваа драгоцената течност

Во рамките на одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и Денот на општина Илинден „Илинден 2-ри Август“ во Домот на култура „Илинден“ се реализираше традиционалната крводарителска акција во која досега рекордни 63  крводарители ја даруваа драгоцената течност што значи живот.

16.07.2018 |

Спортски викенд Илинден 2018 „Ние навиваме за Македонија“

По повод одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ, под мотото „Ние навиваме за Македонија“ на 21 јули (сабота) и 22 јули (недела) 2018 година, по 10-ти јубилеен пат ќе се одржи Спортски викенд „Илинден 2018“. На оваа традиционална спортска манифестација се очекува да учествуваат над 700 спортисти кои ќе се натпреваруваат во повеќе спортови: велосипедизам, шах, баскет, тенис, атлетика-трчање, хокеј и голем фудбал.

12.07.2018 |

Соработка на општина Илинден со Заедницата на Хрватите во Република Македонија

Претседателката на Заедницата на Хрватите во Република Македонија, Невенка Костовска во друштво на македонско-хрватската поетеса Љерка Тот Наумова ја посети општина Илинден, при што оствари средба со градоначалникот Жика Стојановски. Посетата е резултат на досегашната успешна соработка меѓу општина Илинден и Заедницата на Хрватите во Република Македонија, која посебно се интензивираше последните неколку години по  потпишување на спогодбата за пријателство меѓу општина Илинден и општина Решетари од Р. Хрватска.

10.07.2018 |

Континуирано чистење, нивелирање и одржување на каналската мрежа

Во рамките на реализацијата на проектот „Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали“ во општина Илинден, во тек е машинско и рачно чистење на секундарниот А-канал во населба Илинден, во должина од 3.000 метри.

13.06.2018 |

Почна да се гради нова инвестиција во општина Илинден

Во локалната економска зона Марино-Кадино, почна со градба нова инвестиција. Пред поголоем број деловни партнери и гости, во присуство на градоначалникот Жика Стојановски беше поставен камен темелник на нов погон за производство на ПВЦ столарија и магацински простор, на инвеститорот Ивица Јаневски, што ќе се простира на површина од 800 квадратни метри.

11.06.2018 |

Објава за 3 градежни парцели во новата населба Јака

Општина Илинден објави продажба на три парцели за изградба на станбени куќи по пат на електронско јавно наддавање во новата населба „Јака“.

23.05.2018 |

Советот му даде приоритет на проектот - Реконструкција на локален пат Кадино – клучка Автопат А4

Советот на општина Илинден на својата 9-та редовна седница донесе одлука за Утврдување на приоритет на проектот - Реконструкција на локален пат Кадино – клучка Автопат А4, со кој Општината ќе аплицира за добивање на средства во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги - МСИП, спроведен од Светска банка, преку Министерството за финансии.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013