Мени

Prijavi problem

Настани

25.04.2017 |

Потпишан меморандум за соработка меѓу Факултетот за електротехника и информациски технологии и Средното училиште „Илинден“

Општина Илинден и средното општинско стручно училиште (СОСУ) „Илинден“ потпишаа меморандум за соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) со кој со заеднички активности ќе се поттикнува создавањето на квалитетен кадар.

21.04.2017 |

Средба со писателките Кристина Николовска и Лилјана Пандева

Во Домот на култура „Илинден“, во рамките на 18-та Литературна манифестација „Илинден 2017“, поклониците на пишаниот збор имаа можност за средба со писателките Кристина Николовска и Лилјана Пандева.

18.04.2017 |

Свечено отворање на 18-та Литературна манифестација „Илинден 2017“

Во Домот на култура „Илинден“, денес со почеток во 19:00 часот на свечен ќе биде отворена 18-та Литературна манифестација „Илинден 2017“ и Деновите на книгата во Општина Илинден. Манифестацијата ќе ја отвори градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

11.04.2017 |

Дератизација за уништување на глодари

Во рамките на реализацијата на Програмата за заштита на населението од заразни болести за 2017 година, во тек е редовна пролетна дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територијата на Општината.

11.04.2017 |

Женската фудбалска екипа на ОУ „Браќа Миладиновци“ шампион на Скопје

Женската фудбалска екипа на ООУ „Браќа Миладиновци“ од Општина Илинден ја одбрани титулата првак на Град Скопје во фудбал за 2017 година.

10.04.2017 |

Континуирано чистење на отворените одводни канали

Со цел да обезбеди проточност на каналската мрежа, Општина Илинен во координација со АД Водостопанство на Република Македонија-подружница „Скопско Поле“-Скопје континуирано ги чисти отворените одводни канали што се наоѓаат на територијата на Општината.

27.03.2017 |

Градинката „Гоце Делчев“ по трет пат Еко градинка

Детската градинка „Гоце Делчев“ во континуитет, трет пат по ред е добитник на интернационалното признание Еко градинка на највисоко ниво - зелено знаме.

23.03.2017 |

Ларвицидна дезинсекција за уништување на комарци

Во рамките на спроведувањето на Програмата за заштита на населението од заразни болести за 2017 година, Oпштина Илинден, почна со ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување на ларви од комарци, на површина од 50 хектари.

13.03.2017 |

Машинско метење и миење на сообраќајниците

Во Општина Илинден во тек е пролетно чистење и уредување на јавните површини.

13.03.2017 |

Женската екипа во футсал на ООУ „Браќа Миладиновци“ по 9-ти пат шампион на Скопје

Женската екипа во футсал  на ООУ „Браќа Миладиновци“ по 9-ти пат ја освои титулата првак на Скопје, на првенството организирано од Сојузот на училишен спорт на град Скопје.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013