ОПШТИНА ИЛИНДЕН

ПО ПОВОД 25 МЕЃУНАРОДНА ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2024“

распишува литературен награден конкурс на тема

„Татковина“

За учениците од основните училишта од општина Илинден

Правила за пријавување:

  • Право на учество имаат учениците од VI до IX одделение од ООУ„Гоце Делчев“ – н.Илинден, ООУ „Ристо Крле“ – Кадино, ООУ „Браќа Миладиновци“ – Миладиновци.
  • На темата „Татковина“, учениците може да пишуваат поетски творби за својата татковина.
  • Еден ученик може да учествува само со една творба.
  • Литературните творби да бидат оригинални и да одговараат на зададената тема.
  • Творбите да ги содржат следните податоци: име и презиме на ученик, одделение, училиште и име и презиме на ментор.
  • Собраните творби од учениците се доставуваат во Општина Илинден.

Конкурсот трае од 22.3.2024 до 22.4.2024 година

За уредно доставени дела ќе се сметаат само оние што ќе ги исполнат сите барани критериуми.

По извршената селекција, стручното жири ќе ги одбере најдобрите творби и за истите, учениците свечено ќе добијат пофалници и награди