Prijavi problem

Известувања

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

Врз основа член 22 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на Р.М.бр.5/02),а во врска со член 46 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М.бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16, бр. 16316 и бр.64/18,) Градоначалникот на Општина Илинден го дава следното  

Соопштение за организирање на Јавна анкета и Јавна презентација

Соопштение за организирање на Јавна анкета и Јавна презентација за АУП за формирање на градежна парцела на дел од КП 1807/7 КО Илинден вгр, Општина Илинден, со тех. број 009/03/18 од април 2019 година, изработен од ТАЈФА- ПЛАН ДОО Скопје

Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Илинден за период од 01.01 до 30.06.2019 година

Во рамките на својата транспарентност и отчетност за финансиското работење го презентираме Кварталниот   извештај   за   извршување   на   буџетот   на   Општина Илинден за период од 01.01 до 30.06.2019 година. Извештајот беше усвоен од страна на Советот на Општина Илинден на неговата 26 редовна седница.

Известување за прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 05.09.2019 год. (четврток ) со почеток во 23:00 часот, ќе се изврши  терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција)  за уништување на возрасни форми на комарци.

Концерт на КУД „Дрежник“ од Решетари во Домот на култура „Илинден“

На 30.08.2019 година (петок), со почеток во 19:00 часот во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи  концерт на Културно уметничкото друштво „Дрежник“ од Решетари, Хрватска.

Австриската компанија „Текспорт“ отвора производствен погон во Општина Илинден

На 29.08.2019 година (четврток) со почеток во 14:30 часот во локалната економска зона Марино-Кадино, на свечен начин ќе биде предаден во употреба новиот производствен погон на австриската компанија „Текспорт“.

Изложба на „Уметничка меѓународна група со пријателите“ во Домот на култура „Илинден

На 20.08.2019 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, во Домот на култура „Илинден“ ќе биде отворена изложба на слики во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите“.

Атлетика - Спортски викенд „Илинден 2019“

На пешачко-рекреативната патека Марино-Кадино која што е во должина од 2000 метри ќе се одржат натпреварите во атлетика-трчање. Во идеални услови за ваков вид на натпревари, над 250 ученици и младинци ќе се натпреваруваат во трките на 50, 150, 300, 600, 800 и 1500 метри. И годинава како најголема атракција се очекува трката на најмладите - дечињата од градинката „Гоце Делчев“.

Тенис - Спортски викенд „Илинден 2019“

Натпреварите на кои ќе учествуваат 16 тенисери ќе се играат на четирите тениски игралишта во Спортско-образовниот центар „Илинден“, а финалето е закажано за 28 јули (недела) со почеток во 10:30 часот.

Баскет - Спортски викенд „Илинден 2019“

На годинешниот турнир во баскет што ќе се одржи во Спортскиот центар „Марино“ ќе учествуваат 10 екипи. Турнирот ќе почне на 27 јули со почеток во 19:00 часот.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013