Мени

Prijavi problem

Инфо

25.08.2017 |

Инвестициските патишта водат кон Општина Илинден - „Отчет 2013-2017“

Инвестициските патишта водат кон Општина Илинден, како резултат на прогресот во привлекување и ефектуирање во реализација на инвестиции, оптимално искористување на можностите и ресурсите во овозможување на поволни услови за влез на нови инвеститори и поддршка на постојните стопански субјекти.

23.08.2017 |

Јубилејно 50. издание на Општинскиот информатор „Илинден“

Излезе од печат јубилејното 50. издание на Општинскиот информатор „Илинден“, чии содржини се надеваме ќе го привлечат вашето внимание.  

25.07.2017 |

Известување за одбележување на патрониот празник на Општината "Илинден 2-ри Август“

На ден 27.07.2017 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот на Домот на култура „Илинден“ во населба Илинден, под мотото "Со Илинден традицијата продолжува“, на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

17.07.2017 |

Спортски викенд Илинден 2017 „Ние навиваме за Македонија“

По повод одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ, на 22 јули (сабота) и 23 јули (недела) 2017 година, под мотото „Ние навиваме за Македонија“ по 9-ти пат ќе се одржи Спортски викенд „Илинден 2017“. На оваа традиционална спортска манифестација ќе учествуваат над 700 спортисти кои ќе се натпреваруваат во повеќе спортови: велосипедизам, шах, баскет, тенис, атлетика, хокеј и голем фудбал.

14.06.2017 |

Објавен новиот двоброј на општинскиот информатор „Илинден“

Објавен новиот двоброј на општинскиот информатор „Илинден“.

15.02.2017 |

Прес на градоначалникот Жика Стојановски за реализираните проекти во Општина Илинден во 2016 година

Зад нас е уште една година што ја одбележаа многу активности, период во кој успеавме да го реализираме најголемиот дел од планираното. 

Искористувајќи ги сите наши располжливи потенцијали, искуства, знаења и капацитети во соочувањето со предизвиците, во изминатата година целосно се насочивме кон реализација на предвидените проекти, во насока на обезбедување одржлив економско-социјален рамномерен развој и просперитетна иднина на жителите во сите 12 населени места во Општина Илинден.

15.02.2017 |

Отчет 2016 - Инвестициските патишта водат кон општина Илинден

Отчет на градоначалникот Жика Стојановски за реализираните проекти во општина Илинден во 2016 година

23.01.2017 |

Инвестициските патишта и во 2017 водат кон Општина Илинден

Интензивно работевме на обнова на патиштата, на реализацијата на капиталниот проект за Подобрување на локалната патна инфастурктура, изградба,санација, реконструкција и рехабилитација на општинските улици и патишта, кои се протегаат на должина од 275 километри низ целата општина,како и Подобрување на инфраструктурата во локалните економски зони и стопанските комплекси. Благодарејќи на оптималното искористување наресурсите и можностите, од 2008 година до денес во Општина Илинден реализирани се 180 инвестиции, од кои 33 странски директни инвестиции, аневработеноста која во 2008 година изнесуваше 38 %, денес изнесува 6 %

13.01.2017 |

Новогодишно обраќање на градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски

Почитувани сограѓани, Прагот на новата 2017 година е период кога треба да се направи пресек на сработеното во изминатата 2016 година, да се сумираат резултатите за тоа што од планираното е реализирано, да се даде отчет пред Вас почитувани сограѓани, за тоа што направивме во 2016 година за Општина Илинден да биде подобро место за живеење, место со  подобри услови за стопанисување, подобри услови за образование, за одржлив економски развој, повисок  животен стандард и поквалитетен живот на населението.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Отчет 2013-2017
ilinden.gov.mk © 2013