Prijavi problem

Reply to comment

Published on: 15.05.2019 - 17:16

Во Домот на култура „Илинден“, во рамките на јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019“, се одржа традиционалното Литературно матине за деца. Учениците од Општина Илинден имаа ретка  можност да се дружат со најистакнатите македонски писатели за деца и млади.

Со бурни аплаузи поздравени, во преполната сала на Домот на култура „Илинден“  пред најмладите со своите најнови творби се претставија  писателите Стојан Тарапуза, Александар Поповски, Горјан Петрески, Перо Миленковски, Наум Попески, Мито Спасевски, Славка Арсова, Ванчо Полазаревски, Васко Мукаетов, Ксенија Маказиева Трајчева и Александар Кујунџиски.

И годинава во рамките на Литературното матине за деца беа наградени најдобрите творби на учениците коишто учествуваа на конкурсот што го организираше Општина Илинден, по повод Литературната манифестација „Илинден“. Според претседателот на жири комисијата којашто ги избра најдобрите песни создадени од учениците, Перо Миленковски, и оваа година членовите на комисијата биле исправени пред слатки маки да изберат по само три најдобри творби од секое училиште, на чии автори, како и на нивните ментори, посебни награди и признанија им додели градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Признанија за особен придонес во развојот на културата и културните вредности, градоначалникот им додели и на писателите за деца и млади коишто учествуваа на Литературното матине за деца,  на јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден“.

 

Reply

  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013