Prijavi problem

Детска градинка „Гоце Делчев“

Објавено на: 20.10.2016 - 11:40

Јавна Општинска Установа Детска Градинка „Гоце Делчев“

Директор: Катерина Бојковска-Јовчевска

Контакт:

Улица 534 број 25, нм. Марино, општина Илинден

телефон: 02/2571 345

email: gradinka_gd@hotmail.com

Во насока на зголемување на капацитетот за згрижување на деца од предучилишна возраст, изграден е нов дел и проширување на детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Илинден, што овозможи згрижување на нови 170 деца, со што вкупниот капацитет на градинката изнесува 400 деца.

Новоизградениот дел од градинката е со површина од 650 метри квадратни со што вкупната површина на градинката сега изнесува 2.000 метри квадратни. Изградени се 7 занимални, нова кујна, како и нова сала за приредби и манифестации.

Со изградбата на новиот дел и проширувањето на градинката Општината им излегува во пресрет на потребите на граѓаните, создавајќи услови за просперитетна иднина на населението и заедницата.

Општинската детска градинка „Гоце Делчев“ е изградена и предадена во употереба во 2009 година и на почетокот згрижуваше 80 деца. Динамичниот развој на Општината, како и зголемениот прираст на населението, наложи потреба од зголемување на нејзиниот капацитет.

Така, по само 3 години постоење, во 2012 година дојде до нејзино прво проширување, по што градинката можеше да згрижува 230 дечиња. Сега, со изградбата на новиот дел се овозможија услови од месец септември оваа година градинката „Гоце Делчев“ да згрижи вкупно 400 деца.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013