Prijavi problem

Манифестација: „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“

Published on: 16.04.2020 - 10:16

Манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“, којашто Општина Илинден ја негува веќе 14-та година во континуитет, поради вонредната состојба на пандемијата со корона вирусот, годинава ќе добие сосема нов лик. Во духот на оваа оригинална  и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува културата, уметноста и традицијата, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски во соработка со книгоиздателската куќа „Матица Македонска“, на Општинската библиотека „Илинден“ и подарија 1000 книги од познати реномирани домашни и светски писатели, и лектирни изданија.

Со манифестацијата што традиционално се одржува секоја година на Велики четврток, во пресрет на големиот христијански празник Велигден, во изминатите 13 години секој посетител на манифестацијата во Домот на култура „Илинден“ што ќе даруваше книга за возврат добиваше црвено Велигденско јајце. Досега се обезбедени триесет и шест илјади книги (36000 книги) благодарејќи на оваа благородна манифестација  наменети за Општинската библиотека „Илинден“, библиотеката во Домот на култура „Марино“ и училишните библиотеки во општинските основни училишта: „Гоце Делчев“ – Илинден, „Ристо Крле“ – Кадино и „Браќа Миладиновци“ - Миладиновци.

Манифестациите „Подарете книга за Велигденско јајце-симбол на Христовото Воскресение“, како и Литературната манифестација „Илинден“, по кои Општина Илинден стана препознатлива во земјата и пошироко во регионот, имаат за цел пишаниот збор да го доближат до што поголем број граѓани, како и да ги интензивираат и промовираат современите културни достигнувања, тие и во иднина ќе бидат во врвот на приоритетите на локалната самоуправа во областа на културата.

Континуитетот на манифестацијата, денес укажува на бројни придобивки на ученици и читатели  низ целата општина. Учениците од ООУ „Ристо Крле“ добија сопствена библиотека со значителен фонд на книги, посебно лектирни изданија, се овозможи отворање на нови работни места за библиотекари, имаме збогатување на библиотечниот фонд во библиотеките во основните училишта „Гоце Делчев“ и „Браќа Миладиновци“, а како резултат на повеќегодишната континуирана реализација на оваа манифестација беше отворена и првата Општинска библиотека „Илинден“, а потоа и втората, библиотеката во Домот на културата во Марино.

Учениците од основните училишта, како и од Средното општинско училиште „Илинден“, на располагање имаат библиотеки богати со книги од сите жанрови, како и пристап до неопходните лектирни изданија и тоа по повеќе примероци од секој наслов, што овозможува повеќемина ученици во ист период да можат ја имаат потребната лектира.

Манифестацијата ја остварува својата цел. Ја доближи книгата до сите генерации, но она што особено радува е тоа што пишаниот збор го доближи до најмладите, до оние кои со секоја новопрочитана книга стануваат побогати за ново искуство, побогати со нови сознанија и се разбира помудри и поподготвени за животот пред нив. Веќе имаме и повеќемина ученици од основните училишта кои издадоа и промовираа сопствени книги.

Свој придонес во сето ова секако имаат и повеќемината реномирани македонски писатели и поети кои со своето редовно учество на оваа манифестација ги мотивираат најмладите да тргнат по нивниот пат. Ова се должи на повеќегодишната успешна соработка на Општина Илинден со Друштвото на писателите на Македонија.

Општина Илинден изразува голема почит и благодарност до сите досегашни учесници во манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“, кои што подарија книги, на преставниците од бизнис секторот, на повеќе издавачки куќи, научни институции и факултети, на писателите, на учениците, како и на големиот број граѓани, кои со дарувањето книги го збогатија библиотечниот фонд на Општинската библиотека Илинден, библиотеката на Домот на култура Марино, како и училишните библиотеки, давајќи голем придонес во афирмацијата и развојот на културата, образованието и науката.

 

Во овие тешки мигови кога се соочуваме со можеби најголемиот непријател во овој век, а сите ние поголемиот дел од времето сме принудени да го минуваме во своите домови, книгата останува наш најголем пријател. Познато е дека таа ја има моќта да ни ги прошири видиците и да не поттикне да внесеме промена во начинот на кој гледаме на животот и светот околу нас.

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013