Prijavi problem

Изложба на уметници од Општина Илинден во Домот на култура „Илинден“

Published on: 06.12.2019 - 17:25

Во галеријата на Домот на култура „Илинден”, во организација на Општина Илинден, отворена е четвртата по ред изложба на дела на уметниците од Општина Илинден. Оваа традиционална изложба што се организира по повод Новогодишните и Божикните празници, во присуство на голем број љубители на уметноста, ја отвори покровителот, градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.

Заблагодарувајќи им се на учесниците на изложбата, посебно за нивниот придонес во промоцијата и афирмацијата на Општина Илинден, градоначалникот Стојановски го истакна значењето на овој традиционален настан кој, како што рече, по содржината доби во квалитет.

-Особено ме радува тоа што оваа традиција продолжува и добива на континуитет но и на особен квалитетот на дела кои се изложуваат во Домот на културата.

Ние создадовме квалитени просторни услови за одржување на вакви изложби на повеќе локации во општинта и навистина ми е драго што гледам дека нашите сограѓани имаат исклучителен талент, знаења и вештини за креирање на уметнички дела.

Општина Илинден е можеби мала локална самоуправа, но апсолутно голема општина во очите јавноста, особено во делот на културата, уметноста и литературата. Задоволство ми е што има голем интерес за уметноста и кај помладите генерации, што е резултат пред се на вашата несебичност со своите знаења и квалитети да им ги пренесете на помладите. И во иднина ќе продолжиме со реализација на вакви културни настани се со цел да ги истакнеме и промовираме нашите уметници со своите дела, истакна градоначалникот Стојановски.

За оваа веќе традиционална изложба на која своите дела ги изложуваат автори од Општина Илинден, без оглед на тоа дали професионално или, аматерски се занимаваат со уметност, со пригодна реч на присутните им се обрати академскиот сликар Новица Трајковски.

 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013