Prijavi problem

Граѓанско учество во креирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2020 година

Published on: 06.12.2019 - 16:06

Граѓаните на Општина Илинден предложија над 100 предлог-проекти што ќе бидат составен дел од  процесот на планирање на Буџетот на Општина Илинден за 2020 година.

Ова е резултат на Буџетскиот форум што Општина Илинден го организираше во Средното општинско стручно училиште „Илинден“, каде што преку посочување на приоритетните проекти во нивните населени места, граѓаните имаа можност со своето партиципативно учество да придонесат во креирањето на Буџетот за 2020 година.


Најголем дел од предложените предлог проекти од страна на граѓаните – 31 се областа на заштитата на животната средина, односно изградба на фекална канализација со пречистителни станици.

Како втор по приоритет проблем што го посочија граѓаните е изградба, санација, реконструкција и рехабилитација на локалните улици и патишта и пешачки патеки, како и предлог-проекти од областите на образованието и детската заштита, локалниот економски развој, јавната чистота и јавно осветлување, културата и спортот.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, обраќајки се на Форумот, изрази благодарност до присутните за нивното активно учество во дефинирањето на приоритетите на Буџетот за 2020 година.

-Граѓанското учество е неопходно во креирањето на буџетот зошто граѓаните во нивните населени места најдобро знаат кои им се приоритетите во насока на подобрување на квалитетот на животот. Целта е со подобра распределба на средствата да постигнеме поголем ефект. Затоа, ја користам можноста уште еднаш да им се заблагодарам на граѓаните на Општина Илинден за активното учество, за силниот придонес што го даваат за подобрување на условите за живеење во Општината. Придонесот на граѓаните е најзначаен фактор и овој придонес секако дека ќе се одрази, ќе се отслика за уште еден посилен одржлив развој на Општина Илинден.

Со ова локалната самоуправа точно знае каде се движи, кои се насоките и кои се приоритетите на граѓаните. Затоа и се водиме по дефинираните приоритети на граѓаните.

Со реализацијата на буџетските форуми Оштина Илинден останува доследна на своите трајни определби за поголема транспарентност, комуникација и интерактивност со граѓаните, излегувајќи им во пресрет на  нивните барања и потреби, преку идеи, предлози, мислења, проекти, партиципативно да учествуваат во креирањето на Буџетот за следната година.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013