Prijavi problem

Буџетски форум

Published on: 03.12.2019 - 14:32

Во рамките на планирањето на Буџетот за 2020 година, во организација на Општина Илинден, на 05.12.2019 година (четврток) со почеток во 17:30 часот, во Средното општинско стручно училиште „Илинден“ ќе се одржи Буџетски форум.

На форумот ќе се изврши презентација на која граѓаните ќе бидат запознаени со процесот на буџетирање, како и програмите за развој на Општината во 2020 година. Во таа насока се покануваат сите заинтересирани граѓани да учествуваат во јавната расправа и со дефинирањето на приоритетните предлог проекти и проектни активности да придонесат во развојот на локалната заедница.

Општина Илинден ја практикува транспарентноста и граѓанското учество во креирањето на Буџетот, со цел да им излезе во пресрет на барањата и потребите на граѓаните за овозможување и создавање на квалитетни услови за живеење.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013