Prijavi problem

Предаден во употреба нов производствен капацитет на австриската компанија „Текспорт“

Published on: 29.08.2019 - 16:46

 

Во локалната економска зона Марино-Кадино, во присуство на голем број деловни партнери и гости, на свечен начин беше предаден во употреба нов производствен капацитет на австриската компанија за производство на заштитна и работна облека  „Текспорт“, која важи за производител со највисок и најиновативен квалитет на противпожарна облека во светот.

На свеченоста, меѓу другите присуствуваа и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, претставници на австриската амбасада, како и сопственикот на компанијата Отмар Шнајдер и членови на неговото семејство.

Новиот производствен погон е на  површина од 5.000 метри квадратни, а според инвеститорите, вкупната инвестиција изнесува повеќе од 3 милиони евра, со што се овозможи отворање на приближно 400 нови работни места.

Компанијата за производство на заштитна и работна облека  „Текспорт“,  е основана во 1992 година, а во нашата земја успешно работи веќе 25 години. Нејзините производи ги заштитуваат во нивните работни задачи пожарникарите и полицијата во повеќе земји во светот. Германија, Австрија, Бразил, Кина, земји од Блискиот исток се само дел од државите каде што се користат производите на „Текспорт“.

Обраќајки им се на присутните градоначалникот Стојановски истакна дека му претставува особена чест и задоволство што е дел од свеченото отворање на новиот производствен капацитет на компанијата „Текспорт“, на новата фабрика за производство на заштитна облека, која ја избра токму Општина Илинден за најповолна локација за својот бизнис. 

-Посебно сум среќен што нашата бизнис заедница е побогата за уште еден член, што сме побогати за уште една инвестиција, со уште еден фундамент за оддржлив економски развој, поради што сакам да ја искористам можноста на компанијата „Текспорт“ да и посакам искрено добредојде во Општина Илинден.

Почитуван г-дине Шнајдер, горди сме што Вие и вашата компанија станавте дел од нашето големо бизнис семејство, особено што станува збор за една од поголемите инвестиции во Општина Илинден, компанија која што како темел го има семејниот бизнис, истакна градоначалникот Стојановски.

Тој додаде дека „денес е значаен ден за „Текспорт“, но значаен ден и за Општина Илинден и за нејзините жители. Впрочем, за нас е значаен ден секогаш кога во Општината се предава во употреба некој нов стопански капацитет, нов производствен погон, како што е денешниот, затоа што „Текспорт“, како Странска Директна Инвестиција, носи нови технологии, нови практики, нови знаења, отворање на нови слободни работни места, а со тоа и решавање на егзистенцијалните прашања на повеќе семејства од нашата општина и регионот, додаде градоначалникот Жика Стојановски.

Тој посебно потенцираше дека инвестицискиот циклус во Општина Илинден продолжува.

-Општина Илинден како локална самоуправа ќе продолжи со определбата да креира поволна бизнис клима за развој на бизнис секторот, преку подобрување на условите за стопанисување и живеење со изградба на патна, комунална и енергетска инфраструктура, објекти за општински и централни институции во функција на образованието згрижување на деца од предучилишна возраст, културата, спортот и јавни содржини, истакна градонаќалникот Стојановски.

Сопственикот на „Текспорт“, Отмар Шнајдер го искористи свеченото отворање на новиот производствен погон, на Општина Илинден да и донира 15 комплети заштитна противпожарна облека, кои ќе бидат наменети за  Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“. Донацијата од производствената линија на „Текспорт“ ја прими градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013