Prijavi problem

Рекреативната велосипедска трка во должина од 5 километри

Published on: 28.07.2019 - 00:25

Низ улиците на Општина Илинден и оваа година, како вовед на професионалната велосипедска трка „Трофеј Илинден 2018“, што се реализира во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2019“, се возеше рекреативна велосипедска трка во должина од 5 километри.

И покрај учеството на велосипедисти од сите возрасти сепак, најмногубројни беа најмладите. Податок што радува, затоа што велосипедизмот во Општина Илинден од година во година станува се попосакуван спорт. Затоа, победници во оваа велосипедска трка во која учествуваше и градоначалникот Жика Стојановски, беа сите оние што со своите велосипеди се наредија на стартот пред спортската сала „Гоце Делчев“.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013